Во меч од 9.коло во Втората лига на Грција, Бесарт Ибраими во дресот на Ксанти одново одигра одличен меч, притоа беше и двоен стралец. Имено некогашниот македонски репрезентативец на мечот против Трикала постигна два гола, и тоа во 41. и 62.минута за 2:0 и 4:0. Инаку крајниот резултат на овој меч беше 5:0 за составот на Бесарт Ибраими.
Едноставно Бесарт каде и да игра си ја знае работата, а тоа е како да ги тресе противничките мрежи. И тоа добро го прави за својот Ксанти.