Напаѓачот на Гранада Хорхе Молина реализираше хет-трик во победата на неговиот тим со 4:1 над Мајорка во меч од шпанското првенство и со тоа постави рекорд. Молина со 39 години и 241 ден стана највозрасниот фудбалер кој впишал хет-трик во Ла Лига. Инаку, до денеска највозрасниот стрелец на три гола на меч беше легендата на Бетис Хоакин.
Молина доцна дебитираше во елитното шпанско друштво, во 2011 година како играч на Бетис. Потоа играше за Хетафе, а од 2020 е во Гранада. Инаку вкупно во кариерата има 237 голови од кои 66 во Ла Лига.
И не само тоа. Молина стана и највозрасниот стрелец на хет-трик во Топ 5 европските лиги.
39y 241d- Jorge Molina 🇪🇸 has become the oldest player to score a hat-trick in the Top 5 European Leagues ever (39 years old & 241 days):
🏴Teddy Sheringham, 37y 146d
🇮🇹Rodrigo Palacio, 39y 86d
🇫🇷Tony Cascarino, 37y 31d
🇩🇪Claudio Pizarro, 37y 151dExperience@GranadaCF_en ❤🤍 pic.twitter.com/lNXe7pAyE2
— OptaJose (@OptaJose) December 19, 2021