Еве како од Кадиз му го честитаа роденденот на Бензема пред вечерашниот дуел со Реал!

319

Карим Бензема денеска полни 34 годони, а вечерва неговиот Реал Мадрид го дочекува тимот на Кадиз. Се знае кој е апсолутен фаворит, се знае дека најголемата опасност по голот на гостите доаѓа токму од Карим Бензема.

Па така денеска во пресрет на овој дуел, Кадиз преку Твитер му упати специјална порака на славеникот.

Карим, нека ти биде среќен роденденот. Земи слободен ден и оди со своите пријатели и најблиски, и убаво прославувај. Не мора да доаѓаш вчерва на работа, нема потреба“ пишува во пораката.

Се разбира дека Бензема нема намера да го пропушти овој натпревар.

Па така бадијала молбите на Кадиз.

ПретходноСити го „уби“ Њукасл, Челзи се „сопна“ против Вулверхемптон (ВИДЕО)
СледноЛазаров го освои првиот трофеј сезонава!