Елмас им ја расипа роденденската прослава на „росонерите“ (видео)

2172

Со голот на Елиф Елмас во 5. минута Наполи го совлада Милан на „Сан Сиро“ во меч од 18. коло на Серија А. Навивачите на Милан на трибините направија кореографија по повод 122 години од постоењето на клубот, а рондендеското славење им го расипа македонскиот вундеркинд.

Тимот од Неапол поведе рано по лошата одбрана на играчите во „црвено-црна“ комбинација. Зелински нафрли, а Елмас со глава го совлада Мањан.

Милан одигра лош меч, имаше многу проблеми да се носи со играчите на Наполи. Неколку удари на Ибрахимовиќ не беа доволни барем за бод на овој меч.

Супер Елмас го „стресе“ и Милан (видео)

Елмас излезе од игра во 86. минута, а на „Росонерите“ им беше поништен гол во 90 минута поради офсајд.

Наполи ја запиша втората победа по ред на „Сан Сиро“ по онаа во март оваа година. Со овие бодови Наполи ја презеде втората позиција на табелата со 39 бода, а Милан е трет со исто бодови но послаба гол-разлика. Лидер е Интер со 43 бода.

ПретходноДо хет-трик со речиси 40 години – Дон Хорхе постави рекорд
СледноРеал на свој терен не успеа да го победи Кадиз