Meчот меѓу Тотенхем и Ливерпул заврши со резултат 2:2 но мечот покрај четирите гола и пресвртите, го одбележаа два моменти кои предизвикаа реакции. Хари Кејн постигна гол и можеше да биде исклучен, но судијата му покажа само жолт картон. Кејн погоди во 13. минута, а седум минути подоцна со лизгачки старт му влезе на Енди Робертсон. Тој детал го подели Островот, посебно затоа што Робертсон еден час подоцна беше исклучен поради преостар старт над Емерсон.
Кејн по мечот објасни што се случувало.
„Мислам дека тоа беше само остар лизгачки старт и дека изгледа страшно на забавена снимка. Но затоа ВАР е тука. И Робертсон ми рече дека не сум го удрил, одев на топката. Не беше така како што изгледа и како што многумина мислат“, објасн и Кејн.
Точно дека Кејн не го удри Робертсон, но прашањето е дали требаше да го удри и да му го скрши зглобот и за да биде исклучен. Играчот на Ливерпул скокна за да не настрада сериозно, а судијата оцени дека немало контакт за нешто повеќе од црвен картон.
Проценете самите:
Harry Kane: “I thought I won the ball.” 🤯pic.twitter.com/qIRplXtnfT
— Anfield Watch (@AnfieldWatch) December 19, 2021
Andy Robertson Red card ♦️
The left-back is given his marching orders for a dangerous challenge on Emerson 💪#TOTLIVpic.twitter.com/piNuTaOH9k
— BirdieFootball (@birdiefootball) December 19, 2021