Денеска ќе биде познато името на новиот светски ракометен првак во женска конкуренција. Во битката за златниот медал силите ќе ги одмерат Франција и актуелниот европски првак, Норвешка.
Доколку Норвежанките успеат да се искачат на тронот во Шпанија, тие ќе добијат богата премија. Секоја репрезентативка ќе биде наградена со по 13.000 евра. За сребрениот медал наградата изнесувва 8.000 евра.
Дуелот меѓу Франција и Норвешка е закажан со почеток во 17:30 часот, претходно во битката за утешната бронза ќе се сретнат домаќинот Шпанија и Данска.