Клоп: Нема да ангажираме невакцинирани играчи, тие се опасност за другите

222

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека Премиерлигашките екипи, а на чело со неговиот Ливерпул секако, нема да ангажираат во иднина играчи кои не се вакцинирани, затоа што едноставно тие се опасност за останатите.

„Мислам дека вакцинирањето ќе биде многу важно за клубовите за тоа кого ангажираат. Ако некој играч не е вакциниран, тој е постојана опасност за сите нас. Тој не сака да биде опасност, не си вели Не сум возбуден за другите, но тоа е опасност“, рече Клоп па додаде. 

„Од организациона гледна точка станува многу комплицирано. Мора да сте подготвени за различни сценарија. Тој мора да се пресоблекува во друга соблекувална, да јаде во друга соба, да се вози во различен автобус или автомобил. Ако сакате да ги следите протоколите, тоа е исклучително тешко. Ако треба да патуваме или да имаме натпревар во странство, кога ќе се вратиме, тој мора да се изолира“ – рече Клоп. 

ПретходноШокантна исповест на Бошко Ѓуровски: Моето семејно презиме било Стојановиќ, со сила е сменето во Ѓуровски!
СледноВечното дерби на Белгија без победник (ВИДЕО)