Германецот Карл Гајгер и Јапонецот Рују Кобајаши беа најдобри викендов на ски-скокалницата во Енгелберг во рамките на Светскиот куп. Гајгер победи во саботата, а Кобајаши беше втор, додека наредниот ден Кобајаши заврши прв, пред Гајгер.
Кобајаши беше импресивен на вториот ден, првиот скок му беше нешто послаб 132,5 метри, но со вториот од 136,5 метри собра доволно поени за првото место 306. Со 12 бода помалку заврши Гајгер, додека трет беше Мариус Линдвик.
Следува „шлагот“ на тортата – „Четирите скокалници“ со старт на 29 декември во Оберсдорф.