Нант го освои првиот трофеј оваа сезона. Тимот за кого настапува предводникот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров во финалето на Лига Купот го совлада Шамбери со 21-28.
Нант сосема заслужено се радуваше на трофејот, имаше контрола во голем дел од натпреварот. По 6-6 во 20 минута, Нант со два гола во низа поведе 6-8, од овој момент ја превзема контролата, на одморот замина со водство од 10-13.
Набрзо во вториот дел беше и 11-16, Шамбери се обидуваше да приреди пресврт, но тешко му одеше. Нант поведе и со 17-24, во 48 минута стави крај на сите дилеми.
Лазаров мечот го заврши со два гола од шест обиди, истите ги постигна во второто полувреме. Ривера со шест гола беше прв стрелец, Нилсен запиша 18 одбрани.
За потсетување Нант до финалето стигна благодарение на Лазаров кој постигна гол за победа.