МЗТ Скопје по перфекција во Сараево

228

МЗТ Скопје вечерва (19 часот) го игра последниот натпревар од „балонот“ во Сараево. Актуелниот македонски првак ќе ја бара третата победа во главниот босански град, откако претходно ги совлада Спарс и Хелиос.

Противник на избраниците на Дарко Радуловиќ е тимот на Ловќен, добро познато име, со кое „сино-белите“ имаат и историја на пресметки. Според истите, како и редоследот на табелата, МЗТ Скопје е фаворит.

Двата тима до сега се имаат сретнато пет пати, четири меча завршиле во корист на македонскиот претставник, еден го добил Ловќен. Кога сме кај табелата, МЗТ Скопје ја продолжува трката за врвот, со нови бодови ќе заврши на второто место на табелата и ќе биде на бод за Борец Бања Лука, кој по седум кола остана непоразен. На другата страна Ловќен е на дветото место со три победи и исто толку порази, во претходното коло беше поразен од Сутјеска.

ПретходноХорват: Ситуацијата во Металург не е добра, вака не беше ниту во Загреб!
СледноАзар вечерва стартер за Реал (М) првпат по цели три месеци