Пандемијата коронавирус направи проблеми во НБА-лигата, здравствените протоколи во ова натпреварување го одредуваат составот на екипите. Со ваква ситуација се соочија Орландо и Бруклин, на секој тим му недостасуваа по 12 играчи.
Нетси поради истата причина останаа без главната ѕвезда, Кевин Дурент, одложен еше и кам-бекот на Кајри Ирвинг, кој доби дозвола да игра на гостинските натпревари. На крајот во еден ваков меч без половина тим подобро се снајде Орландо, кој славеше со 100-93. Лопез постигна 20 поени и 10 скока, на другата страна Милс имаше 23 поени.
И на оваа средба во листата на стрелци се запиша екс-кошаркарот на МЗТ Скопје, Хасани Гравет, постигна седум поени.
ЛА Клиперс доживеа шокантен пораз од најслабиот тим во Западната конференција. Орландо во драматична завршница со тројка во последната секунда славеше со 104-103 за дветти триумф оваа сезона.
THE STEPBACK FROM SHAI 🔥@okcthunder get the win after the SGA #TissotBuzzerBeater! #ThisIsYourTime pic.twitter.com/k7nCKnWmLn
— NBA (@NBA) December 19, 2021
Резултати:
Бостон – Њујорк 114:107
Бруклин – Орландо 93:100
Торонто – Голден Стејт 119:100
Оклахома Сити – ЛА Клиперс 104:103
Милвоки – Кливленд 90:119
Јута – Вашингтон 103:109