Преполн „Пољуд“: Хајдук и Осијек одиграа без голови, за Атанасов триесетина минути!

249

Околу 35.000 гледачи на „Пољуд“ во Сплит во дербито на ХНЛ меѓу Хајдук и Осијек. Дерби во кое имаше од се по нешто, но само голови немаше. И веднаш да кажеме дека и нашиот Јани Атанасов беше дел од овој меч, имено тој влезе во игра во тимот на Хајдук во 66.минута, но не успеа да помогне во евентуална победа на својот тим.

Поништен гол, одбранет пенал, црвен картон за гостинскиот стратег Ненад Бјелица. Беше навистина интересно.

Сепак со овие 0:0, и двете екипи му направија услуга на Динамо Загреб, кој и со меч помалку стана есенски првак.

Претходно„Лудо“ дерби: По бод за Тотенхем и Ливерпул! (ВИДЕО)
СледноТорино со “минималец“ ја победи Верона, реми во Џенова!