МЗТ Скопје од Сараево си оди со исполнета мисија, три победи и второ место на табелата со шанса на следниот “балон” да го нападне врвот.
Дарко Радуловиќ, очекувано е задоволен од крајниот исход, испрати пофалби до своите кошаркари.
“Влеговме добро, бевме шутерски расположени, ги искористивме нивните празнини. Паднавме на десет поени, но трета четвртина пресуди, во која имавме добра реализација. Ме нервираше последна четвртина, не смееме така да се опуштиме во иднина. Сепак момците ги заслужуваат сите честитки за бореноста, го оставија срцето на терен”, изјави Радуловиќ.