Реал на свој терен не успеа да го победи Кадиз

326

Екипата на Реал Мадрид испушти два бода во дуелот со Кадиз во 18. коло на шпанската Ла Лига. „Кралевите“ иако беа неверојатно доминантни (82%-18% посед на топка) имаа дури 36 шутеви од кои 10 прецизни но ниту еднаш не ја затресоа мрежата на аутсајдерот кој ниту еднаш не упати удар во рамките на голот на Куртоа. Резултатот на крајот 0:0.

Реал го впиша четвртото реми но е лидер со 43 бода, шест повеќе од второпласираната Севиља. Кадиз е претпоследен со 14 бода.

ПретходноЕлмас им ја расипа роденденската прослава на „росонерите“ (видео)
СледноХаланд сигурно го напушта Дормтмунд, директорот откри кој клуб е најблизу!