Бошко Ѓуровски, една од легендите на Ц. Звезда, легендарниот македонски фудбалер, некогашен репрезентативец. Еден од најдобрите кои некогаш Македонија ги имала, се разбира и некогашен селектор на нашата најдобра репрезентација. Со неговиот брат Милко одбележаа една ера во фудбалот во некогашна Југославија.
Сепак има некои работи кои на јавноста не и се познати, а Бошко деновиве за српски „Курир“ ги открива. За нас во Македонија овие иформации се шокантни. Пред се дека презимето на неговото семејство било Стојановиќ, но со сила било променето во Ѓуровски.
“Нашето изворно презиме по татко било Стојановиќ, а по мајка Петровиќ. Тоа презиме го носел мојот дедо Никола, кој бил српски војник во Првата светска војна“ вели Бошко и продолжува дека по доаѓањето во Македонија се случувале некои чудни работи..
“Мојот татко е роден во Белград, потоа сите освен мојот чичко, дошле во Македонија на почетокот на Втората светска војна. После војната се случувале чудни работи во Македонија. По наредба на Тито, а неговите соработници во Македонија тоа веднаш го направиле, сите што носеле презиме на -ИЌ, морале да го сменат во -СКИ. Со оглед на тоа што мојот прадедо се викал Ѓуро, презимето било сменето во Ѓуровски. И затоа сум сега Бошко Ѓуровски а не Бошко Стојановиќ“ информира некогашниот фудбалер и репрезентативец на Македонија.
Навистина чудно…каква исповест на Ѓуровски! Што сака со ова да каже нашиот Бошко Ѓуровски?