Билбао со гол во 89.минута славеше со Бетис!

77

Атлетик Билбао – Бетис 3:2 е крајниот резултат во еден од најинтересните мечеви овој викенд во Ла Лига, во меч од 18. коло. Пет голови, интересен меч и шанси, а на крајот радост за домашните фанови и фудбалерите на Билбао.

Инаку се почна со голот на Вилиамс во 2.минута за водство на домашните, Хуамни веќе во 6.минута израмни на 1:1. Фекир му донесе водство на Бетис во 52.минута од 1:2, но сепак ни тоа не бепе доволно гостите да дојдат барем до бод. Прво Вилиамс со нов гол во 72.минута израмни на 2:2, за да во 89.минута Де Маркос му донесе големи три бода на Билбао. И покрај поразот екипата на Бетис остана на тоа трето место на табелата, додека Билбао сега е деветти.

ПретходноОфицијално: Гачевски се врати во Вардар!
СледноДвоен стрелец: Бесарт Ибраими си поигруваше со Трикала!