Голужа е слободен, РК Вардар е на потег!

1181

Славко Голужа, хрватскиот ракометен стратег не е веќе тренер на Татран Прешов. Како што и двете страни потврдија, соработката е прекината, а причината била, барем според првите луѓе на Татран Прешов, дека тие не се задоволни од тоа кога гледаат како нивниот тим играл бавен и досаден ракомет.

Инаку познато е дека РК Вардар сеуште го нема решено прашањето на прв тренер откако му врачи отказ на Веселин Вујовиќ. Засега “шеф“ е Владо Недановски, но јасно е дека ќе мора да се побара и адекватно решение за клупата на некогашниот двоен европски шампион.

По вестите од Словачка, дека Голужа е слободен, веднаш почнаа шпекулациите дека токму тој ќе биде изборот на РК Вардар за нов стратег.

Останува да се види како ќе се развиваат настаните во текот на следните денови.

ПретходноЛазаров го освои првиот трофеј сезонава!
СледноЕ. Пелистер 2 лесно со Прилеп, драма во Кавадарци без победник