И Ловќен на “менито” на МЗТ Скопје за перфекција во Сараево

241

МЗТ Скопје со три победи во исто толку одиграни натпревари го завршува “балонот во Сараево. На последната средба актуелниот македонски првак го совлада Ловќен со 100-81 и остана на второто место на табелата зад Борац Бања Лука со скор од шест победи и еден пораз.

Кошаркарите на МЗТ Скопје доминираа уште на стартот на мечот, поведоа со 17-6 и 22-8, пред полувремето водството беше и плус 16 (45-29).

Македонскиот првак продолжи во ист ритам, во третата четвртина постигна 36 поени, па во решавачките десет минути влезе со највисоки 81-52 благодарение на серијата од 15-0, а подоцна и со 85-56.

Ваквата позитива беше причина за да кошаркарите на МЗТ Скопје да се опуштат, противникот искористи и успеа само да го ублажи поразот.

На крајот МЗТ Скопје успеа да ја запише и првата стотка во АБА2 лига.

Вер имаше 19 поени, Мекиќ запиша 15 поени. Крстевски и Рикиќ имаа по 11 поени.

ПретходноКристоферсен триумфално во велеслаломот во Алта Бадија
СледноКобајаши и Гајгер најдобри на скокалницата во Енгелберг