„Лудо“ дерби: По бод за Тотенхем и Ливерпул! (ВИДЕО)

167

Големото дерби во Премиер – лигата меѓу Тотенхем и Ливеропул заврши 2:2. Супер – дерби, дерби за фудбалско уживање во кое немаше победник, и тоа на радост на Манчестер Сити во битката за титулата.

Значи битката меѓу стратезите Конте и Клоп заврши без победник.

Првиит удар на овој меч го зададе домашниот состав и тоа преку Кејн во 13.минута за еуфорија кај домашните фанови. Ливерпул врати со гол на Жота во таа 35.минута. Сепак ова не беше се од “редси“ кои во 70.минута преку Робертсон поведе и со 1:2. Сепак момците на Конте израмнија во 74.минута со голот на Сон за конечни 2:2. Треба да се каже дека гостите финишот го заврши со играч помалку поради црвениот картон на Робертсон.

Треба секако да се споменат силните промашувања на Кејн, кој и покрај тоа што постигна гол имаше шанса барем за уште два, потоа неговиот остар старт врз Роберстон во првиот дел. Секако дека тука треба да се каже дека еден од најдобрите на теренот беше гостинскиот голман Алисон Бекер кој на моменти ги доведуваше во очај домашните фудбалери.

Во финишот драма, и едните и другите тргнаа по победа, но едноставно немаше гол, тие 2:2 беа и конечни.

ПретходноНорвешка е светски првак!
СледноПреполн „Пољуд“: Хајдук и Осијек одиграа без голови, за Атанасов триесетина минути!