Норвешка е светски првак!

174

Селекцијата на Норвешка ја победи во финалето Франција на женското СП во ракомет и со тоа стана светски првак, си се врати на претсолот.

Норвежанките попладнево во интересен меч успеа со 29:22 да ги победи Французинките кои доминираа во првата фаза од мечот. Имаа тие и водство од 16:12, но во продолжение едноставно немаа сила против силната селекција на Норвешка која ги користеше сите грешки на својот противник и на крајот заслужено го освои златото. Најефикасна кај Норвежанките беше Рајстад со 6 голови, додека Морк и Дале стрелаа по пет пати. Додека кај Франција најрасположена за голови беше Пино со 4.

Претходно, Данска со 35:28 ја победи Шпанија во битката за третото место со што го освои бронзениот медал на овој Мундијал.

ПретходноМиркуловски и Вецлар му го зедоа “скалпот” на Кил
Следно„Лудо“ дерби: По бод за Тотенхем и Ливерпул! (ВИДЕО)