Сити го „уби“ Њукасл, Челзи се „сопна“ против Вулверхемптон (ВИДЕО)

199

Тимот на Манчестер Сити суверено и убедливо предмалку славеше на гостувањето кај тимот на Њукасл во рамките од најновото Премиер лига коло со конечни 0:4.

Уште од самиот старт на мечот се виде кој е кој, откако Сити преку Диас во петтата минута, а на огромната грешка на домашната одбрана поведе со 0:1.

До полувреме веќе беше 0:2 преку Кансело, а до крајот Марез и Стерлинг погодија за конечни 0:4.

Волфси му „откинаа“ бод на Челзи

Од друга страна пак, другиот фаворит кој попладнево настапи во Премиер лигата, тимот на Челзи, не успеа да слави на гостувањето кај Вулверхемптон и одигра само 0:0. И покрај инцијативата и поголемиот број на шанси на овој меч, гостите сепак не успеаа да реализираат ниту една, па мораа да се задоволат само со бод.

ПретходноАјакс го доби дербито на Холандија
СледноЕве како од Кадиз му го честитаа роденденот на Бензема пред вечерашниот дуел со Реал!