Торино со “минималец“ ја победи Верона, реми во Џенова!

116

Во натпревар од 18.коло во Серија А, Торино со 1:0 славеше против Верона. Стрелец на голот беше Побега во 26.минута, сосема доволно за победа и три бода. Интересно е тоа што само минута претходно гостите останаа со играч помалку, откако исклучен беше Мањани.

И покрај напорот што го вложија гостите да израмнат, сепак на крајот останаа тие 1:0 за Торино.

На вториот дуел доцна попладнево, Сампдорија и Венеција одиграа без победник, 1:1. Интересен натпревар во кој Габиадини уште во 1.минута донесе водство на домашниот тим. И така беше се до 87.минута кога Хенри израмни за конечни 1:1, со што на Венеција и донесе голем бод.

ПретходноПреполн „Пољуд“: Хајдук и Осијек одиграа без голови, за Атанасов триесетина минути!
СледноКристоферсен триумфално во велеслаломот во Алта Бадија