Чикаго Булс се доближи на врвот во Истокот во НБА-лигата по победата над Лејкерси од 115-101, кои го одиграа првиот меч без Ентони Дејвис. Ѕвездата на тимот од ЛА поради повреда ќе биде надвор од терените еден месец.
До овој голем триумф ги водеше ДеМар ДеРозан, кој одигра неверојатна последна четвртина, постигна 19 од крајните 38 поени. Зад своето име даде шест асистенции и го изедначи учиникот од претходната победа над Лејкерси кога постигна исто 38 поени со шест успешни додавања.
Од крајните 38 поени, даде кош на 52 секунди за водство на својот тим, а подоцна реализираше и слободни фрлања.
ДеРозан постана првиот играч на Булси по Мајкл Џордан, кој во една сезона против Лејкерс постигнал барем 38 поени. Покрај ова, пстана првиот играч на Чикаго после 25 години (односно ерата на Џордан), кој постигнал 50 поени во четвртата четвртина во три последователни натпревари.
GO CRAZY DEMAR 🔥
38 PTS (19 in the 4th)
11/24 FG
16/17 FTHe’s the first Bulls player over the last 25 years to score 50 PTS in the 4th quarter over a three game span 🥶 @DeMar_DeRozan pic.twitter.com/LngoAeEGML
— Overtime (@overtime) December 20, 2021
Дерозан е водечки во НБА сезонава со 8,2 поени во четвртата четвртина, со просек од 26,4 поени, што е негов втор најдобар учинок во кариерата и најдобар во последните пет години. Ова е негова прва сезона во Булс по девет во Торонто и три во Сан Антонио, од кои летово пристигна како слободен играч, што многу американски аналитичари го опишаа како најлошиот трансфер во сезоната.
Ова беше негов прв натпревар откако излезе од протоколот за здравје и безбедност, во кој има уште пет играчи на Булс. Лејкерси имаат шест под протокол, заедно со повредениот Дејвис, а во таков состав најмногу добија од Леброн Џејмс, кој имаше 31 поен и 14 скока.
Детроит – Мајами 100:90
Сакраменто – Сан Антонио 121:114
Мемфис – Портланд 100: 105
Чикаго – ЛА Лејкерс 115:110
Минесота – Далас 111: 105
Феникс – Шарлот 137: 106