Серафимов пред трансфер во МОЛ Фехервар!

914

МОЛ Фехервар, еден од најдобрите клубови во Унгарија, оваа зима би можел да ангажира уште еден македонски репрезентативен стопер. Имено се знае дека во овој клуб веќе неколку сезони успешно настапува Висар Муслиу, а него би можел да му се придружи Никола Серафимов. Како што пишуваат медиумите во таа земја, дефанзивецот на Залаегерсег не само што веќе бил скаутиран од МОЛ Фехервар туку почнале и преговорите за евентуален трансфер.

Се вели дека Македонецот, кој има 22 години, покрај тоа што одлично ја одработува својата работа во дефанзивата, многу добро се снаоѓа и во нападот. Оваа сезона веќе четири пати беше стрелец.

ПретходноСП на секои две години ќе донесе милијарди евра за ФИФА и милиони за секоја Фудбалска федерација!
СледноФантастичен гол на македонскиот репрезентативец Валон Етеми! (ВИДЕО)