Се ризикуваше со Канте: Тухел не го ферма докторскиот тим на Челзи!

688

Зарем навистина до таму дојде? Тренерот да нема играчи за еден натпревар и со тоа да ги игнорира препораките на докторскиот тим на својот клуб. Едноставно да не ја ферма струката. Таков е случајот со Нголо Канте. Имено Томас Тухел пред мечот со Вулфси, кој заврши 0:0, добил препорака од докторите на Челзи дека може да смета на Канте само на едно полувреме, со оглед на тоа ако се знае дека Французнот до пред некој ден се лечеше од Ковид-19. Но Германецот таа препорака ја игнорираше и го остави во игра Канте во текот на целиот меч.

Да, точно е дека имав препорака Канте да игра само едно полувреме, Сепак ја игнорирав таа препорака зошто немав играчи, немаше кого да ставам ако се знае дека четворица од средниот ред се болни. Не беше во ред еден од најдобрите ирачи во светот да го извадам од игра зошто беше уморен, па тој и така правеше разлика“ изјави Тухел.

ПретходноСерафимов во тимот на колото во Унгарија!
СледноЧави: Севиља е „зрела“ за титула во Шпанија