СП на секои две години ќе донесе милијарди евра за ФИФА и милиони за секоја Фудбалска федерација!

184

Ете затоа ФИФА и дел од некои фудбалски конфедерации сакаат да има Мундијал на секои две години. Имено иако минатата недела се шпекулираше дека Џани Инфантино и ФИФА се откажале од идејата да има Мундијал на секои две години, не ќе е баш така.

Се знае дека моќните репрезентации, а и УЕФА се против ваква идеја, но сега ФИФА има моќен адут. А тоа е приходот кој треба да се мери во милијарди. Па така според одредени консултантски куќи, СП на секои две години ќе донесе приход од блиску 4 милијарди евра.

Тоа навистина се многу пари. Инаку ФИФА има план дел од тие пари да одат и на сметка на секоја од 211 фудбалски федерации кои се нејзини членки. Па така секоја федерација на секои две години, кога ќе се одржува Мундијалот, ќе добива најмалку по 14 милиони евра, или секоја година по 7 милиони евра. Сума која навистина примамлива.

Ова е адутот на ФИФА, пред се на Инфантино кој се надева дека кога ќе дојде до гласање на Конгресот на ФИФА, многу земји и од Европа и од Ј. Америка би гласале за тоа да има Мундијал на секои две години.

ПретходноАгуеро доби понуда да биде амбасадор на Манчестер Сити!
СледноСерафимов пред трансфер во МОЛ Фехервар!