Фенер му врачи отказ на Переира, тројца тренери во игра за неговото место

722

FOTO> Twitter
Португалскиот фудбалски стручњак Витор Переира не е повеќе тренер на Фенербахче. Турскиот клуб му ја покажа излезната врата по лошите резултати кои доведоа до 5. место на табелата во Суперлигата со 14 поени помалку од лидерското место кое го држи Трабзон.

„Канаринците“ се надеваа дека под водство на екс-тренерот на Порто ќе успеат да се стабилизираат, меѓутоа неговите замисли не „упалија“. Формации кои не им одговараа на играчите, тактики кои тешко ги разбираа па лошите резултати само го притиснаа Португалецот.

Переира беше назначен за тренер на Фенер во јули 2021, а досега во 25 натпревари забележа 11 победи, седум ремија и исто толку порази.

Се шпекулира дека Фенер има список на тренери за негов наследник, а на него се Кенан Кочак, екс-стратегот на Хановер и сегашен асистент во турската репрезентација, потоа Исмаил Картал, некогашен тренер на младинскиот тим и на првиот тим на Фенербахче (2014/15) и на уште неколку турски клубови како и екс-хрватскиот селектор Славен Билиќ.

ПретходноПавар: „Сакам да играм како централен, а не како десен бек“
СледноКин: Знам што ќе им кажам на Мегваер и Де Геа кога би бил тренер на Јунајтед