Анчелоти: Засега главен конкурент ни е Севиља

133

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го пофали настапот на тимот против Кадиз , иако „белите“ загубија два бода на „Сантијаго Бернабеу“ во ремито 0:0. Тренерот ја коментираше играта на својот тим кој и покрај фаворитската улога не успеа да обезбеди полн плен.

„Тоа е нешто со кое целото општество и секој од нас треба да се справи. Никогаш не сакавме да го одложиме натпреварот. Нашиот тим е способен да го компензира недостатокот на поединечни играчи. Вирусот не е толку агресивен како порано“, рече Анчелоти па додаде.

„Се обидовме да победиме, но не ни успеавме. Не можам да ги обвинам момците. Видов многу позитивни работи во нашата игра. Не ми се допадна само резултатот, ама тоа е фудбалот. Некогаш победуваш незаслужено, друг пат играш добро, но не победуваш“ – ја објасни ситуацијата Анчелоти.

„Мораме да ја погледнеме табелата и да забележиме дека во оваа фаза наш главен конкурент е  Севиља . Тоа е екстра тим со многу навивачи“  – , додаде Анчелоти.

 

ПретходноРафаел Надал има коронавирус
Следно„ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ“ РАДУВА МНОГУ ИГРАЧИ НА 2win.mk