Арменд Алими го засилува Шкупи!

1077

Некогашниот македонски репрезентативец Арменд Алими е „бомбата“ на Чаир. Алими ја напушти Шкендија каде што беше во последните седум години и одлучи да ја продолжи кариерата во редовите на есенскиот македонски првак Шкупи.

Тоа е екстра засилување за средниот ред за тимот од Чаир, а доаѓа како замена за Али Адем кој мора да се врати во Арис затоа што беше позајмен.

Искусниот Алими ќе донесе цврстина во екипата, а тој играше и за неколку странски екипи како кипарски Ермис и Неа Саламис, шведски Еребро и хрватска Истра. Во Македонија почна во Башкими. Тој има 14 настапи за македонскиот национален тим.

ПретходноКин: Знам што ќе им кажам на Мегваер и Де Геа кога би бил тренер на Јунајтед
СледноБарди даде гол, но Леванте загуби од градскиот ривал (видео)