Тимот на Воска има амбиции да влезе следната сезона во првата лига, па аналогно на тоа и екипата мора да биде прволигашка уште под сега.
Па така, зимава во Воска пристигнуваат два екстра играчи во името на Арџент Гафури и Алтин Лога.
Популарниот „Меси“ по десетина години минати во тимот на Ренова конечно заминува од Џепчиште и се сели во Воска. Гафури ќе се спои со Изаир Емини, играчот со кој епе страшен тандем во таборот на Ренова своевремено.
Од друга страна пак, Алтин Лига кој зимската полусезона ја мина во тимот на Беса е искусен играч за врска кој и тоа како му е потребен на тренерот Раде Цицмиловиќ во ротацијата за напролет.