Гвардиола по 4:0: Ова е најлошото полувреме сезонава!

497

Фудбалерите на Манчестер Сити во неделата го совладаа Њукасл со убедливи 4-0 и ја запишаа осмата победа во низа. И покрај ваквиот резултат тие заработија критики од својот стратег, Пеп Гвардиола.

Актуелниот првак постигна по два гола во секое полувреме, но според шпанскиот тренер едното дефинитивно останува како најлошо оваа сезона.

Со победата против Њукалс, Сити постави рекорд во Премиер-лигата, постана првиот тим со 34 победи во една календарска година, но ниту ова не го спречи Гвардиола да испрати критики.

„Резултатот е сензационален, но играта не беше добра, особено во првиот дел. Можеби ова е нашето најлошо полувреме оваа сезона. Разликата ја направи квалитетот на играчи, во иднина не смееме да играме на овој начин“, рече Гвардиола.

По 18 одиграни кола во Премиер-лигата, Сити има 44 бода, три повеќе од Ливерпул.

ПретходноМарк Клатенберг: Црвен картон за Хари Кејн и пенал за Ливерпул (ВИДЕО)
СледноРафаел Надал има коронавирус