И покрај евидентните проблеми со Ковид-19, и покрај фактот дека од ден на ден се зголемуваат бројот на позитивни кај играчите, а и се одложуваат натпревари, и дефинитивно нема прекин на сезоната во Премиер – лигата. Ова е одлука на претставниците на клубовите кои денеска имаа состанок кој траеше неколку часови, а таа е дека сезоната и натаму ќе продолжи според планот.
На оваа одлука секако дека најнезадоволен ќе биде Јирген Клоп, стратегот на Ливерпул кој веќе неколку дена апелира да се прекине сезоната, барем на две недели, и таа да продолжи во јануари.
Инаку на состанокот се гласало и за целосен прекин на сезоната, сепак за тој предлог не гласал ниту еден претставник на премиерлигашите.