Лудост: Гави во Барса зема 100.000 евра годишно, а Дембеле 12 милиони!

902

Пабло Мартин Паес Гавира или само Гави е најновиот мега – талент на Барса. Дечкото има само 17 години и има четири настапи за А- репрезентацијата на Шпанија. Важи за еден од најголемите таленти во светот на фудбалот, а со каков потенцијал располага најубаво се виде на мечот со Елче.

Интересно е тоа што тој има и повеќе од смешна плата. Имено Гави годишно заработува во Барса “само“ 100.000 евра, додека неговиот клупски колега Осман Дембеле дури 12 милиони евра.

Ако треба јас од свој џеб ќе дадам пари, само Гави да остане. Не смееме да си дозволиме таков талент да си замине од Барса“ е констатцијата на Чави Ернандез, стратегот на Барса.

Инаку Барса за него стави откупна клаузула од 50 милиони евра, се шпекулираше дека Ливерпул веднаш сака да ја плати, токму поради тоа е паниката кај Чави.

ПретходноФановите одлучија: Салах е најдобриот во Премиер – Лигата за 2021 година!
СледноСерафимов во тимот на колото во Унгарија!