Навивачите на Барселона со нетрпение го очекуваат јануарискиот преоден рој, се надеваат дека челниците на клубот ќе донесе квалитетни засилувња.
Навивачите на Барселона со нетрпение го очекуваат јануарискиот преоден рој, се надеваат дека челниците на клубот ќе донесе квалитетни засилувња.
Но, пред да почнат со таа „операција“, каталонскиот гигант мора да продаде некои фудбалери за да заработи пари, а според шпанските медиуми на спискот на Чави Хернандез има четири имиња за кои нема враќање назад.
Барселона очекува најмногу да заработи од Филипе Кутињо, кој сигурно ќе се најде на трансфер листата, но прашање е дали за Бразилецот има заинтересирани клубови.
Кутињо моментално е еден од најплатените играчи во Барса и неговото заминување значително би го ослободило буџетот за плата, јасно е дека и Чави нема ништо против неговата продажба.
Покрај Кутињо, на листата на „отпишани“ веќе подолго време се наоѓа и Самуел Умтити, кој конечно би можел да си замине во јануари, а интерес за него покажа и Бенфика.
Тука е и голманот Нето, кој најмногу ја грее клупата за резервни играчи, покрај Тер Штеген не може да се избори за место. Нето треба да го напушти клубот.
Исто така, во јануари заминува и Алекс Коладо, кој сезонава не доби шанса во првиот тим, а до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Гранада.