Екипата на Леванте и по 18. кола во шпанската Ла Лига нема победа и е закован на последното место на табелата. Денеска ни тоа што за ривал го имаа градскиот ривал Валенсија не ги мотивираше фудбалерите да тргнат кон триумф. Водеа со 2:0 и „потонаа“ во второто полувреме – загубија со 3:4.
Кампања и Марти со два брзи гола донесоа водство за Леванте од 2:0, но пред крајот на првото полувреме Гуедес намали. Само што почна второто полувреме Солер од пенал изедначи. Истиот играч во 72. минута донесе пресврт (2:3), а потоа Гуедеш зголеми на 2:4.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе во игра во 77. минута, а стрелаше прецизно во 91. за да го ублажи поразот.