По настапот на егзибициониот турнир во Абу Даби, Рафаел Надал објави дека е позитивен на коронавирус. По враќањето во Шпанија, на послендиот тест направен при влезот во земјата, истиот излезе како позитивен по што тенисерот автоматски влезе во изолација.
„Бев негативен на неколку тестови, но на последниот во петокот сум позитивен. Во моментов сум во изолација во мојот дом, добро се чувствувам, и нормално ги контактирав сите оние со кои сум бил во близина„ – изјави Надал, додавајќи дека многу бргу ќе се врати на терен.