Елиф Елмас одново ги полни страниците во Италија. Македонскиот дијамант е во центарот на вниманието, а како нема да биде. На својот Наполи му донесе голема победа на дуелот против Милано, благодарение на неговиот погодок на стартот на мечот, од „Сан Сиро“ си заминаа со целиот плен.
Тренерот на Наполи, ниту овој пат не штедеше зборови за Елмас. Лучано Спалети за „Газета дело Спорт“ изјави:
„Елмас е момче кое може се да направи. Тој е шампион“, рече Спалети.
View this post on Instagram