Фановите одлучија: Салах е најдобриот во Премиер – Лигата за 2021 година!

151

Мохамед Салах, напаѓачот на Ливерпул е избран за најдобар фудбалер во Премиер – Лигата за 2021 година. Ова е признание за „фараонот“ и тоа од страна на фановите кои имаа право да гласаат а номинациите ги дадоа медиумите на Островот.

Тој освои дури 61 насто од гласовите, инаку ова него му втора ваква награда.

На второто место се пласира Деклан Рајс (Вест Хем), додека трет е Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед).

Во најдобрите десет се и Фил Фоден (Манчестер Сити), Едуар Менди (Челзи), Мејсон Маунт (Челзи), Рубен Дијаш (Манчестер Сити), Кевин Де Брујне (Манчестер Сити), Жоржињо (Челзи) и Жоао Кансело (Манчестер Сити).

ПретходноФантастичен гол на македонскиот репрезентативец Валон Етеми! (ВИДЕО)
СледноЛудост: Гави во Барса зема 100.000 евра годишно, а Дембеле 12 милиони!