Чави: Севиља е „зрела“ за титула во Шпанија

323

Тренерот на Барселона Чави Ернандес на прес-конференцијата пред мечот со Севиља изјави дека ривалот од Андалузија е спремен за титула во Ла Лига. Натпреварот требаше да се игра на 12 септември но беше одложен поради многуте фудбалери од двата табори кои требаше да патуваат до Јужна Америка за квалификациските натпревари за своите репрезентации.

Севиља е екипа која е спремна да биде шампион. Тие се претенденти да го освојат секој турнир во кој играат. На 16 бодови сме од лидерот Реал Мадрид, а разликата е убиствена. Но сезоната е долга и не се откажуваме. Ако ја победиме Севиља можеме да го изместиме Атлетико од четвртото место. Играме големи шанси да заземеме место кое води во ЛШ“, изјави Чави кој за се поголемиот број на млади фудбалери во првиот тим на Барса одговори:

На претходниот меч не пуштив во игра повеќе фудбалери од школата заради правилата. Ме предупреди делегатот за тоа. Тоа е глупаво правило. Со тоа се спречува развој на млади фудбалери кои можат да играат во првиот тим. Во јануари ќе процениме кои од младите ќе потпишат професионални договори. Треба да работиме на нов договор за Гави. Тој е важен исто како и Ансу, Педри, Араухо. Тие се иднината на клубот“, изјави Чави.

ПретходноСе ризикуваше со Канте: Тухел не го ферма докторскиот тим на Челзи!
СледноПавар: „Сакам да играм како централен, а не како десен бек“