Јовиќ: Сите дишеме како едно, заслужуваме место во плеј-офот

375

Александар Јовиќ има право на задоволство од своите момци кои во изминатите 16 меча во Супер-лигата успеаја да запишат 10 победи, две ремија и четири порази. Со овој скор Е. Пелистер 2 се наоѓа на четвртото место на табелата, пред далеку поискусни тимови. Токму овој втор состав на битолчани успеа да го победи актуелниот македонски првак, Вардар.

“Овој прв дел од шампионатот можам да го окарактеризирам како позитивен. Имавме одлични натпревари и на домашен и на гостински терен. Самата победа против двократниот европски шампион говори сама за себе. Имаме огромен потенцијал во оваа екипа, треба да продолжиме да работиме, да се подготвиме добро, да направиме добри припреми и да влеземе максимално спремни во доигрувањето на првенството. Целта е да обезбеди плеј-оф. Мислам дека со овие досегашни натпревари тоа го заслуживме“, вели Јовиќ.

Тренерот на битолскиот тим е задоволен од атмосферата, според него важен момент за успехот на еден тим.

” Имаме добар спој на млади иискусни играчи. Ме радува што имаме добра атмосфера. Немаме поделба во екипата и сите дишеме заедно. Со макотрпна работа лимитот на оваа екипа не може да се процени. Имаме голем потенцијал, ни треба време, многу работа и најважното многу трпение”.

ПретходноКлубовите одлучија: Нема прекин во Премиер – Лигата!
СледноАлими како повод: За 3,5 години исчезна најславниот тим на Шкендија!