Агуеро доби понуда да биде амбасадор на Манчестер Сити!

128

Пред некој ден ја заврши и официјално својата кариера, од здравствени причини, сега веќе доби понуда од својот некогашен клуб да биде амбасадор. Таа понуда до Серхио Агуеро стигна од Манчестер Сити, клуб во кој беше член речиси една деценија и од каде ова лето се пресели во Барселона.

Аргентинецот веќе неколку дена е на одмор дома, во Буенос Аирес, а бил контактиран од страна на клубот од Манчестер по што му доставена понуда да биде амбасадор на актуелниот шампион на Англија.

Се разбира дека ова е голем потег на “граѓаните“ кои очигледно е дека немаат намера да ја заборават својата клупска икона.

ПретходноАлими како повод: За 3,5 години исчезна најславниот тим на Шкендија!
СледноСП на секои две години ќе донесе милијарди евра за ФИФА и милиони за секоја Фудбалска федерација!