Во еден од највозбудливите натпревари оваа сезона, Тотенхем и Ливерпул одиграа без победник (2-2), а менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп на момент беше надовр од себе.
Тој беше беше гневен на судијата Пол Тирни и неговите одлуки. На полувремето и покрај на мечот, Клоп имаше краток разговор со главниот арбитер.
„Немам проблем со ниеден судија, немам. Само со тебе. Не досуди чист пенал. Имам проблем само со тебе, никогаш не си играл фудбал“, се дел од зборовите на Клоп, кој подоцна и пред медиумите одново го спомена Тирни.
„Многу работи имаа свое влијание на овој меч, но за некои прашања подобро да разговарате со господинот Тирни“, коментираше менаџерот на Ливерпул.
👀 Jurgen Klopp having a word with the referee in the tunnel before the second half after he lost his cool on the touchline pic.twitter.com/UU6RsXti3V
— Football Daily (@footballdaily) December 19, 2021