Францускиот интернационалец Бенжамин Павар се надева дека во Баерн ќе го разберат и дека повеќе ќе го користат во срцето на одбраната, а не како десен бек. Павар како централен бек играше во Штутгарт, но откако дојде на „Алијанц“ постојано игра како десен бек. Тој објасни дека сака да се врати на позицијата која најмногу му одговара.
„Најдобра позиција ми е централен бек. Така било отсекогаш. Во ред е да играм за тимот таму каде што е најпотребно и да помогнам најмногу, но навистина сакам да играм во срцето на одбраната. Таму ми е местото“, призна Павар за „Кикер“.
Баерн во одбранбениот ред ги има Упамекано, Ернандес, Зиле и Нианзу. Павар е преместен на десната бековска позиција каде што добро се снаоѓа.