Первиот човек на ИХФ Хасан Мустафа се посрамоти на свечената церемонија по завршување на финалето меѓу Норвешка и Франција.
Норвежанките ги совладаа „триколорите“ со 29-22 и се вратија на светскиот трон, а Мустафа откако им честиташе на шампионките, се збуни во преостанатиот поредок. Наместо Франција, тој кажа дека Данска го освои второто место, додека „триколорите“ дека завршиле на третото место.
Сето ова предизвика бури на реакции во салата, а неговиот гаф за брзо време се рашири на социјалните мрежи.