Сари го избрка Милинковиќ Савиќ од тимот

2260

Дефинитивно „пукна тиквата“ на релација тренер на Лацио, Мауруцио Сари и главен играч Сергеј Милинковиќ Савиќ. Сари одлучил да го тргне сосема од тимот Србинот, кој не беше во записникот ниту на мечот против Венеција.

Причината за ова се нарушените односи помеѓу овие двајца кои очигледно периодов кулминирале. Сари на однесувањето на Милинковиќ Савиќ се пожалил и на челниците на клубот.

Србинот има договор до лето, па по се што се случи очигледно дека Лацио ќе мора да прифати некоја од понудите за него кои ќе пристигнат зимава.

 

 

ПретходноАвстралија Опен без минатогодишната финалистка
СледноТотенхем: Разочарани сме од одлуката на УЕФА