Готово е: Ќе се гради новиот “Сан Сиро“ вреден милијарда евра! (ВИДЕО)

465

Како што пренесуваат медиумите во Италија, речиси да е се готово во поглед на документацијата за изградбата на новиот и тоа спектакуларен „Сан Сиро“ во Милано, стадион кој треба да се биде во најголем дел од стакло.

Раководствата на Интер и Милан се во завршни разговори со фирмитите и инвеститорите од САД, и за неколку дена ќе се потпишат договорите

Па така двата гиганти од Милано ќе добијат екстра модерен стадион за 21 век, кој треба да биде веднаш до стариот, култен “Сан Сиро“ или „Ѓузепе Меаца“ кој ќе оди во заборав.

Новиот стадион кој ќе почне со изградба во 2026 година ќе може да прими “само“ 65.000 гледачи, што е за 20.000 помалку од стариот.

Инаку целиот проект би требало да чини најмалку една милијарда евра.

ФОТО: Twitter

ПретходноНаполи како од шега може да го продаде ДИЈАМАНТОТ за 50 милиони евра!
СледноВо чест на великанот Петар: Стадионот во Битола ќе се вика “Петар Милошевски“!