Зголемениот број на заразени лица со Ковид-19, а и проблемите кои заразата ја прави во Премиер лигата, сега и во Серија А доведе до тоа челниците на Ла Лига да ги вратат протоколите за коронавирусот кои беа актуелни минатата година.
Ла Лига им испрати на клубовите препораки за однесување на играчите пред и по натпреварите и на тренинзите.
Играчите нема да можат да ги користат соблекувални пред натпреварите, ниту ќе се користат за туширање по завршувањето на натпреварите, со цел да се ограничи контактот меѓу фудбалерите и да останат што помалку на стадионот.
Им се советува да прават сè што правеле во екот на пандемијата, кога ќе дојдат на стадионите да бидат подготвени за натпревар или тренинг, како и да се тушираат дома.
Според новите правила, играчите од првиот и вториот ранг на шпанскиот фудбал мора секој ден кога тренираат или играат натпревари да прават антигенски тест, а по враќањето од одмор за време на празниците задолжително да направат ПЦР тестирање.