Наполи како од шега може да го продаде ДИЈАМАНТОТ за 50 милиони евра!

2496

И дефинитивно Елиф Елмас, македонскиот фудбалски ДИЈАМАНТ просто ја „полуде“ фудбалска Италија по оној гол на “Сан Сиро“ изминатиот викенд кога Наполи го победи Милан со 0:1, токму со голот на Македонецот.

Секојдневно имаа статии, прикази, анализи, коментари за нашиот репрезентативец. Неговиот тренер Лучано Спалети на секоја прес конференција се нешто коментира, по него сега на ред доаѓаат и неговите соиграчи како Мертенс, кој се „фали“ дека тој е задолжен некогаш да “разбуди“ Елиф.

Секако во преден план се анализите на највлијателните весници во Италија, како Газета дело Спорт или Кориере дело Спорт.

Едните го споредуваат со легендарниот капитен на наполитанците Марек Хамшик, додека другите коментираат дека Елмас најмногу потсетува на Симоне Перота од Рома.

Дека каде и да го ставиш, на која позиција, Елмас ќе одигра уште подобро од претходниот натпревар.

Секако на крај се кажува дека Наполи и тоа како направи добра работа кога пред 2,5 години за мали пари го купи од Фенербахче, а сега може без проблем како од шега да го продаде за најмалку 50 милиони евра.

А ние се гордееме со нашиот Елмас. Ете, по Пандев сега имаме одново мега – ѕвезда во Италија каде фудбалот е религија.

ПретходноГо избркале од репрезентацијата на Сирија зошто играл на меч на кој бил и Евреинот Аврам Грант!
СледноГотово е: Ќе се гради новиот “Сан Сиро“ вреден милијарда евра! (ВИДЕО)