Англиската Премиер-лига објави дека во изминатите седум дена се регистрирани голем број на позитивни случаи на коронавирус.
Меѓу 20 прволигаши има дури 90 позитивни тестови на Ковид-19. Станува збор за фудбалери, членови на стручените штабови, помошници во Премиер-лигата. Претходниот рекорд по бројот на заразени во една недела беше 42 лица.
Премиер-лигата како ицела Велика Британија се бори со пандемијата коронавирус, дел од клубовите бараа првенството да биде прекинато, но тоа нема да се случи.
На заеднички состанок клубовите одлучија да ја продолжат Премиер-лигата, но беше истакнато дека тимовите ќе соработуваат со Владата и локалните власти и брзо ќе реагираат на некои нови околности.
Интересен е податокот дека 77 отсто од премиерлигашите се вакцинирани со две дози, а само 16 отсто со сите три дози.