Американката Микаела Шифрин ја оствари втората победа сезонава во Светскиот куп во алпско скијање откако триумфираше на патеката во францускиот зимски центар Куршевел. Денеска се возеше велеслаломската трка и Шифрин беше најбрза, пред Швеѓанката Сара Хектор и Швајцарката Мишел Гисин. Утре во Куршевел е втората велеслаломска трка.
Со тоа Шифрин ја оствари шестата победа во кариерата во Куршевел од кои четири се во велеслаломските трки, а по една во слаломот и паралелниот слалом.
Се вкупно денешниот триумф е 72. во Светскиот куп за двојната олимписка победничка.